Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Стејт Департмент: Изборите- важен чекор за излегување од политичката криза

Стејт Департментот изборите во Македонија ги оцени како прв важен чекор за излегување од политичката криза. Македонија има партнер во Соединетите Американски Држави во однос на евроатлантските интеграции, изјави портпаролот на Стејт Департментот, Џон Кирби.

„Ги поздравуваме прелиминарните заклучоци на ОБСЕ и ОДИХР дека изборите биле конкурентни и дека фундаменталните слободи биле генерално почитувани. Одѕивот беше висок, изборите беа спроведени на мирен и редовен начин, со неколку случаи на процедурални нерегуларности. Се приклучуваме кон загриженоста на овие две организации за административното подготовка на изборите и ја охрабруваме идната влада да продолжи да работи да го гради капацитетот во Државната изборна комисија во однос на структурните и правните прашања за регистрирањето на гласачите. Веруваме дека овие избори се важен прв чекор да се извади Македонија надвор од политичката криза. Ги охрабруваме партиите што ќе ја формираат новата влада да работат конструктивно со опозицијата на напредување на евроатланската интеграција, особено во областа на владеењето на правото. Сакам да ги уверам луѓето на Македонија коишто го прават овој напор, дека ќе најдат партнер во Соединетите Американски Држави“, изјави Џон Кирби, портпарол на Стејт Департмент.

Од Стејт Департментот очекуваат да продолжат одличните блиски партнерски односи меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија.

Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат евроатлснките интеграции на Македонија и ќе соработуваат со новата македонска влада.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us