Средба на градоначалникот Илијев со министерот Ибраимовски, разгледани проблемите на ромската заедница

IBRAIMOVSKI

Од Локалната самоуправа на Кочани информираат дека министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Самка Ибраимовски, ја посетил Општината при што остварил средба со градоначалникот Николчо Илијев.

Притоа било разговарано за финансиските средства што можат да се наменат за решавање на проблемите на ромската заедница. Вниманието било насочено кон инфраструктурните прашања, како и за домувањето на ромските семејства.

Градоначалникот Илијев истакнал дека Општината е подготвена да соработува за реализирање на сите проекти, потсетувајќи на потребите за асфалтирање улици во Ромското Маало, изградба на канализациски и водоводни краци.

Исто така, било разговарано и заможноста за решавање на проблемот со населувањето на Старата касарна, којшто со децении му тежи на Кочани.

Според Илијев, Општината покажала подготвеност да изработи проект, да најде локација и да изработи фундамент за монтажни бараки за домување на Ромите. Министерот Ибраимовски, ветил дека за решавање на ова прашање во текот на наредната година ќе се обезбедуваат пари од донации.

На работната средба градоначалникот Илијев ја истакнал и потребата од менување на некои навики и однесувања во ромската заедница коишто ја отежнуваат реализацијата на инфраструктурните проекти.

You may also like...

Sorry - Comments are closed