Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

СРЕДБА ГРУЕВСКИ – ОРБАН: Македонија може да смета на поддршката на Унгарија

Унгарија со сите можни средства ќе ги поддржува интеграциите на Македонија во ЕУ и во НАТО и таквата поддршка ќе продолжи и по изборите на кои ќе одлучуваат македонските граѓани.

Одличните и пријателски односи, како и добрата билатерална соработка меѓу Унгарија и Македонија, беа потврдени на денешната средба во Будимпешта меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На средбата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ, било разговарано и за предизвиците со кои се соочува Република Македонија поврзани со политичката криза, како и плановите по одржувањето на претстојните избори и искористување на капацитетите за соработка како на планот на политиката, така и во економската сфера.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакнал дека Унгарија е пријателска држава и сојузник на Република Македонија, држава со која изградивме многу високо ниво на односи и заедничка доверба и соработка. Тој посочил дека земјава може да смета на поддршката на Република Унгарија во поглед на нејзините стратегиски интереси за членството во Европската Унија и НАТО.

– Македонија може и понатаму да смета на поддршката и пријателството на Унгарија. Со премиерот Орбан разменивме мислење околу перспективите на Република Македонија за членството во НАТО и во ЕУ. Ние по изборите ќе продолжиме со напорите земјата што побрзо да се приклучи кон овие организации – изјави Груевски.

На средбата стана збор и за актуелните предизвици врзани со политичката криза во државата и нејзиното надминување при што клучен момент се претстојните избори.

– Ние сме политичка гарнитура која е силно посветена за подигнување на животниот стандард на граѓаните, отворање на нови работни места, привлекување на инвестиции и давање на нови перспективи и можности на нашите граѓани. Политичката криза треба да заврши што поскоро, а изборите се најдобрата можност за тоа, и потоа заедно со помошта на нашите пријатели да се фокусираме на понатамошниот развој и напредок на Република Македонија – изјави Груевски.

Премиерот на Унгарија, Орбан, ги потврди одличните односи меѓу двете земји и истакна дека Република Македонија може да смета на поддршката на Унгарија. Тој истакна дека развивањето на односите е резултат на заложбата за пријателство на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us