Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Србија: Блокадата на преговорите е лоша порака за целиот процес на проширување на ЕУ

Генералниот секретар на Владата на Србија Вељко Одаловиќ оцени во среда дека одлуката на Хрватска да го блокира отворањето на преговарачкото поглавје 26 за Србија, посветено на образованието и културата, е лоша порака за целокупниот процес на проширување на Европската унија(ЕУ).

„Дали тоа значи дека секоја земја, ако вака се однесуваме, ќе може да ги блокира тие процеси“, запраша Одаловиќ и додаде дека таквите потези можат да делуваат демотивирачки и за останатите земји, а не само за Србија.

Тој рече дека ЕУ би морала да реагира во врска со хрватската блокада на преговарачкиот процес на Србија со Унијата.

„Важно е ЕУ да го сфати овој потег како сериозно предупредување и порака дека од дневно-политички мотиви и причини не може да се блокира отворањето на преговарачките поглавја“, рече Одаловиќ, коментирајќи ја одлуката на премиерот Вучиќ да не присуствува на конференцијата во Брисел на која се отворени две поглавја посветени на јавните набавки и науката, но не и поглавјето 26.

Тој истакна дека ЕУ со своите членки во иднина треба да разговара на поинаков начин, бидејќи, како што оцени, во поглавјето 26 нема спорни работи заради кои не би требало да биде отворено.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us