Спасовски: Одговорноста на полицајците е исклучително важна за фер и демократски избори

SPASOVSKI

Во полициската станица во Гази Баба денеска започна обука на на полициски службеници за постапувањата за Локалните избири 2017 година. Предвидено е обуката да ја поминат над 9.000 полицајци.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на полицајците во станицата порача дека за МВР е многу важно како и на кој начин ќе бидат спроведени изборите.

– Улогата на МВР е значајна, меѓутоа одговорноста на секој од полициските службеници е исклучително важна за да имаме фер и демократска атмосфера за да оставиме простор граѓаните самостојно и слободно да донесат одлука на овие избори. Тоа е еден тест за сите нас во Министерството и воопшто во Македонија, рече Спасовски.

Главната порака, нагласи министерот Спасовски, е да се почитува законот и да се забрани секакво учество на полицајците во политичка пропаганда за која било од политичките партии.

-Многу важно за одржување на фер и демократска атмосфера е да имаме партнерски однос со партиите и ги повикувам да бидат на висина на сопствената задача. Политичките партии преку размена на програми и идеи да пристапуваат до граѓанати, а не преку недозволени законски дејствија, апелираше Спасовски.

Тој ги повика граѓаните да пријават каков било притисок од полициски службеник, и појасни дека за таквите случаи Секторот за внатрешна контрола при МВР ќе работи интезивно со цел изборниот процес да помине во најдобар ред.

You may also like...

Sorry - Comments are closed