Собраниска драма: СДСМ бараат најстариот пратеник да ја превземе седницата?!

SOBRANIE

Веќе седми ден пратениците во Законодавниот дом преку меѓусебни реплики се надмудруваат и препукуваат кој е на страна на нардот. ВМРО ДПМНЕ и понатаму ја држи тезата дека треба да се дискутира за платформата, примената на јазикот и останатите прашања како што велат што ги договорил Заев.

Пратеникот Влатко Ѓорчев рече дека тие имале добра волја за конструктивно користење на собранската говорница, обвинувајќи ги СДСМ, дека преку нивните процедурални забелешки ја кочеле дебатата. „Од 184 процедурални забелешки 90 се на СДСМ, а останатите на сите други партии заедно. Кога во дискусиите прават одолговлекување СДСМ, тогаш никому ништо“,рече Ѓорчев.

Од СДСМ реагираа преку Дамјан Манчевски но и пратеничката од НСДП Соња Мираковска побараа претседавачот Трајко Вељаноски да овозможи седницата да трае по 18 часот, барајќи од Вељановски да се откаже од преседавањето на седницата, затоа што според нив немал капацитет.

„Господине Вељаноски, станете од оваа стол, и така пред вас се исуши цвеќето кое стои цела недела за ова седница која требаше да биде свечена.Дозволете да седне најстариот пратеник и да го заврши овој циркус“, рече Мираковска.

Во дискусијата се вклучи пратеницикот на Алијанса за Албанците Вејсел Мемети се обрати до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и рече дека ако граѓаните не гласале за платформата тогаш не гласале ниту за манифесот.

„Јас не видов никаков граѓански концепт во манифестот, за каков велите дека се залагате.Тој систем на Милошевиќ кој вие не сте го расчистиле во вашата партија не чини многу“, рече Мемеди. Од време навреме, дофрлувањата и препукувањата, надвор од темата ги прекинуваше претседавачот Вељаноски, повикувајќи ги пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од реплики, но и до СДСМ од јавување за збор за процедурално.

„Еве таман тргна работата и од кај вас почнаа да се јавуваат за процедурално.Еден од вас почна да зборувате за кокошката и црвот и потоа на него се надоврзаа уште пет пратеници.средете си ги работите во вашите редови првин“, рече Вељаноски. Собранскиот спикер се обиде да биде поостар, па во дискусијата го прекина пратеникот Драган Данев за процедурално, а зборуваше за нелојалноста на СДСМ. Карактеристично беше што на ова продолжение неколку пати и ја прочита точката која е на дневен ред. Инаку од 7 дена дебата до сега се исцрпени дискусиите за тројца од пријавени над 50 пратенци, најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ.

You may also like...

Sorry - Comments are closed