Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Скопјани на протест поради загадениот воздух

„Мој термин за чист воздух“ со оваа парола скопјани денеска протестираа во градскиот парк и побараа итно решавање на проблемот со загадениот воздух.

Штетните ПМ честички секојдневно ги надминуваат граничните вредности, граѓаните се гушат, четворица Македонци умираат дневно како последица на загаденоста, а мерките на властите без ефект.

„Свесни сме дека не добивме никаков одговор и конкретна акција од соодветните институции на темата справување си конечно решавање на проблемот со загадениот воздух во Скопје. Затоа денеска повторно се собираме“ – вели Елена Ѓеоргиева, претставник од „Скопје смог аларм“

Граѓаните бараат посериозен пристап од градската власт. Последиците од загадувањето ги чувствуваат на своја кожа.

„За преживување луѓето прават работи со кои сами се загадуваат и го загадуваат градот. Тешко се дише, имаме проблеми со дишење“ – велат граѓаните.

Граѓанските активисти велат дека мерките на надлежните не можат да помогнат доколку чистиот воздух не стане приоритет при креирање на јавниот буџет.

„Не може ние да си дозволуваме уништување на зелената површина во градот за непотребни работи од типот на панорамски тркала, на проширување на булевари, а после како фластер на раната да ставаме некаков билборд кој треба да ни го прочисти воздухот“ – вели Марија Костовска од „Скопје бара чист воздух“

Присутните побараа од партиите проблемот со загаденоста да биде дел од нивните изборни кампањи. Од сограѓаните, пак, побараа поголема масовност на следниот протест. Ако можат да одат на митинзи, можат да дојдат и на протест кој ги засега сите подеднакво, рекоа тие.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us