Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Се урна руски воен авион со музичари на армискиот хор

Руски воен авион „Ту-154“ во кој се наоѓале 91 лице денеска се урнал во Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Авионот исчезнал од радарот 20 минути по полетувањето од аеродромот во Сочи.

Од Министерството соопштија дека во авионот биле членовите на познатиот воен ансамбл Александров – хорот на руската армија, членови на екипажот и новинари.

(Фотографијата е направена 19 април 2006 година и е прикажан хорот на Црвената армија.

Од руското Министерство соопштуваат дека тело на загинато лице од уривањето на авионот било пронајдено на шест километри од брегот во Сочи, рече портпаролот Игор Конашенков.

Новинската агенција Интерфакс цитирајќи неименуван извор од службите за спасување информира дека „неколку тела“ биле пронајдени на местото каде авионот се урнал.

Авионот полетал од Москва и требал да слета во сириската провинција Латакија, во Сочи трабало да биде напунето гориво.

Претходно, Министерството за одбрана соопшти дека делови од авионот се пронајдени на километар од брегот на Црното Море, во близина на Сочи.

Во соопштението се наведува дека условите за летање биле поволни.

Според медиумските извештаи, членовите на ансамблот Александров биле пратени во воената база во Сирија за прославата на воениот персонал за Нова година.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us