Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

СЕЛА: РАМНОПРАВНОСТ, ДВОЈАЗИЧНОСТ И КОНСЕНЗУАЛНО ОДЛУЧУВАЊЕ

Коалицијата Алијанса за Албанците вчера вечерв во кумановскиот Центар за култура одржa митинг на кој се обратија дел од кандидатите за пратеници и лидерите на партиите кои ја сочинуваат Алијансата и ја презентираа платформата со која настапуваат во изборната кампања.

Пред почетокот на митингот, лидерот на Движењето за реформи-ДПА, Зијадин Села ги повика граѓаните од втората изборна единица масовно да излезат и да гласаат, бидејќи на 11 декември, рече, имаат можност да ги спречат сите работи кои им се случија претходните две и пол години.

Тој објасни дека нивната политичка платформа се темели на рамноправноста, двојазичноста, консензуалното одлучување и делење на буџетот по локален критериум.

– Тоа е добро за сите граѓани на Македонија, затоа што ќе се спречи, еднаш засекогаш, експлоатацијата што им се прави на граѓаните и целиот буџет оди во централната власт, додаде Села.

Носителот на втората изборна единица од Алијанса за Албанците, Неџмедин Садики ги повика гласачите од втората изборна единица да излезат на 11 декември, достоинствено и да се определат за опцијата Алијанса за Албанците, бидејќи, како што рече, тоа е најдобрата опција која им се нуди на граѓаните и ќе им донесе бенефит.

– Во однос на другите учесници, во нашата опција има квалитетни и докажани луѓе во своите професии и гледаме преку залагањето во нивните професии дека се квалитетни што докажува дека можат да влијаат на политиката, во нашата убава земја, додаде Садики.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us