Седум лица загинаа во поплавите во Грција

ПОПЛАВИ

Најмалку седум лица загинаа поради поплави предизвикани од поројните дождови што синоќа ја погодија Грција во реонот во близина на Атина.

Грчките медиуми известуваат дека пожарникарите примиле 340 повици за помош за испумпување вода од поплавените згради, и повици за спасување луѓе кои останале заробени во своите возила и домовите кога почнала да надоаѓа водата.

Властите во текот на денот ги затворија училиштата во Мандра, Неа Перамос и Мегара, а невоможно е да се пријде на некои делови од автопатот Атина-Коринг, кој оди низ тој дел од Грција.

Пожарникарите успеале да спасат патници од автобус кој останал заробен на патот.

You may also like...

Sorry - Comments are closed