Седум држави од ЕУ ја блокираа Шенген зоната

eu

Европската комисија објави дека Австрија “поради ситуацијата со имигрантите која излезе надвор од контрола” до февруари го продолжи од септември воведениот надзор на внатрешните шенген граници. Вкупно седум земји на ЕУ воведоа привремени гранични контроли во рамките на Шенген зоната.

Оваа информација ја пренесе портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто.

Медиумите во ЕУ ја пренесуваат и најавата на владата во Љубљана може да воведе проверки на пасоши и лични карти на патници во словенечките граници.

Берто изјави дека, врз основа на одредбите на Шенген за “принудни мерки”, Шведска, Данска и Норвешка воведоа надзор на границите на Шенген.

Таа додаде дека поради проценка на моменталната ситуација, ограничувањето е во согласност со Шенген правилата, такви мерки се превземени и од страна на Австрија, Франција, Германија и Малта.

“Австрија во септември минатата година ја извести Европската комисија дека воведува привремен надзор на внатрешната шенгенските граници во согласност со статутот и со одредбите од Шенген”, објаснува Наташа Берто.

Медиуми во ЕУ ја пренесоа изјавата на претставници на Министерството за надворешни работи на Австрија, дека ” следната фаза би можело да биде воведување контроли на границите на Словенија”.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha