Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Сегашниот состав на владата останува до завршување на изборниот процес

Министерските мандати на Оливер Спасовски во МВР и Фросина Ременски во труд и социјала завршуваат кога Државната изборна комисија ќе ги соопшти официјалните конечни резултати од гласањето. Покрај министерските, завршуваат и мандатите на дополнителните заменици министри, вели универзитетскиот професор Митко Гаџовски.
„Додека ние немаме конечен број на намндати на политичките партии ние н можеме да го затвориме избирачкиот процес и не ожеме да го констатираме  бројот на пратеници кои што ќе го добијат политичките партии во собранието,“ вели Митко Гаџовски, универзитетски професор.
Во договорот кој на 20 јули годинава го постигнаа четирите политички партии а потоа беше преточен и во измените на Законот за Влада јасно се наведува:
„Законот за Влада ќе биде изменет со цел мандатот на сите министри и дополнителните заменици министри кои се избрани согласно Договорот од Пржино да заврши на денот кога Државната изборна комисија ќе ги потврди официјалните резултати од изборите.“
 
Гаџовски уште додава и дека во рамки на изборниот процес влегуваат и приговорите за нерегуларности од што може да дојде и до прегласување. И се додека тие не завршат изборите не може да бидат прогласени за завршени.
„Со оглед на тоа дека имаме ситуација во која што се уште течат роковите за жалба и има можност првичниот резултат кој што е соопштен да биде изменет, сметам дека се уште тие треба да останат на функциите, односно, се до оној момен до кој немаме конечни резултати тие би требало да ја извршуваат задачата на која што се поставени согласно договорот од Пржино,“ вели Гаџовски.

Од министерството за внатрешни работи исто така соопштуваат дека се дезинформација и шпекулација информациите објавени во одредени медиуми во врска со престанокот на мандатот на министерот Оливер Спасовски.

„Согласно позитивните законски прописи, мандатите на сите министри и дополнителни заменици министри во Владата на Република Македонија назначени според Договорот од Пржино завршуваат на денот кога ДИК ќе ги потврди конечните изборни резултати. Со оглед на тоа што во Државната изборна комисија се уште течат постапките по приговорите на политичките партии, не се исполнети уловите за прогласување на конечните резултати“, се наведува во соопштението од МВР.

Според тоа, се додава, Оливер Спасовски е легитимен министер за внатрешни работи.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us