Сеад Кочан на распит во СЈО

SEAD KOCHAN

Бизнисменот Сеад Кочан денеска е по вторпат во Специјалното јавно обвинителство, но сега за распит за случајот „Труст“.

Кочан во СЈО дојде околу 14 часот заедно со неговиот адвокат Никола Додевски, а при влегувањето ги избегна новинарите и не даде изјава.

Претходниот пат, минатата недела Кочан беше во СЈО, но за увид во доказите. Бизнисменот, инаку сопственик на компанијата „Трансмет“, е првоосомничен во „Труст“ за наместен тендер со кој буџетот е оштетен за 17 милиони евра.

По двомесечното бегство, откако му беше одредена мерка притвор, Кочан се врати во земјава и си ја обезбеди слободата со гаранција од близу еден милион евра во движен и недвижен имот.

You may also like...

Sorry - Comments are closed