СДСМ тргна од Битола: Maкедонија достојно место за живеење

ЗАЕВ

Ќе градиме според план, заврши времето на „Миле, ми текна, ај да ставиме овде еднo фонтанче“. За живот во сите општини! Ова вечерва го порача Зоран Заев, претседателот на СДСМ на почетокот на кампањата на оваа партија во Битола.

„Македонија се менува и ќе биде достојно место за живеење. Ја вративме слободата, ги враќаме парите на граѓаните, го враќаме животот во Македонија, но не запираме тука. Се изборивме за промена и за надежта дека можеме да живееме во просперитетна Македонија.

По целата голгота, промените се тука и продолжуваат. Новата Влада предводена од СДСМ е одговорна и домаќинска, а се грижи и за потребите на граѓаните. Докажавме дека ја водиме оваа политика, политика која служи на граѓаните, а не робува со нив. Ние ги остваруваме мерките на Владата што ги ветивме. Скративме повеќе од 45 милиони евра кои се непродуктивни трошоци“, рече Заев и продолжи со набројување на досега спроведените мерки – евтината тарифа на струјата, покачувањето на минималната плата, укинување на радиодифузната такса…

„Ни треба вашиот влог за да работиме заедно, за живот за сите. Промената почнува од вас, од секое село и град. Да работиме заедно за во сечиј дом да бидат видливи промените. Имаме план за живот во Македонија за сите. Програмата на СДСМ и коалицијата се потпира на четири столба. Прво, градиме по план бидејќи заврши времето на „Еј, Миле, ми текна, да ставиме овде фонтанче?“ Второ, работиме за чиста вода и чист воздух.

Битола е пример бидејќи лелек ечи на сите страни. Трето, насочуваме повеќе пари кај граѓаните. Носиме поддршка за домашните компании, со цел нови и подобро платени работни места. Четврто, граѓаните ќе ги добијат сите потреби на едно место. Обезбедуваме ефикасен јавен превоз и чисти загреани училишта. Ќе има помош за сите. Ставаме крај на децениското самоволие каде што градоначалниците им ги исполнуваат барањата на партиските шефови“, рече Заев од Битола.

За слоганот на ВМРО-ДПМНЕ, „Нова ера“, Заев рече дека новата ера ослободена од режимот на Груевски, каде што поранешниот премиер потрошил 38 милиони евра за свое рекламирање, веќе дојде.

You may also like...

Sorry - Comments are closed