Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

СДСМ: Со Груевски нема напред! Македонија е неслободна земја!

Македонија под власта на Никола Груевски стана неслободна земја. Во последниот извештај на „Фридом хаус“ за слободата на печатот од 2016 година, Македонија забележа дополнителен пад на листата и од групата делумно слободни влезе во групата неслободни земји. Македонија во оваа група е единствена од земјите во соседството, велат од СДСМ.

„Како што стои во извештајот, тоа е бидејќи на виделина излегоа скандалозните информации за масовното и нелегално прислушување новинари од страна на владата, корупциските врски меѓу функционери и сопственици на медиуми, како и зголемените закани и напади врз медиумски работници.

Македонија под власта на Груевски падна и на листата на Репортери без граници каде од 34 место во 2013 година стигнавме до 118 место од вкупно 180 земји.

Груевски ги затвораше медиумите кои одбиваа да му бидат послушни, а ги корумпираше послушните медиуми и потоа кај нив порачуваше прилози и текстови“, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека граѓаните на 11 декември имаат можност да го променат ова со својот глас.

„Доколку сакате слободни медиуми и слободна Македонија, изберете го „Планот за живот во Македонија“, порачуваат од партијата.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us