СДСМ поднесе иницијатива за продолжување на конститутивната собраниска седница

SEDNICA

Очекуваме Трајко Вељаноски веднаш да свика продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија ¬ рече Оливер Спасовски. Заев најавува нова влада за брзо врреме, откако ќе го добие мандатот.

¬ Јас реков дека очекувам поради тоа што знаете дека работите не зависат само од Заев, веројатно не зависат ниту од никој поединец. Можеби зависат од сите нас политичарите заедно. Јас би сакал и на 20, на 21, на 22, дури и порано од тоа да има влада Република Македонија, но секако тоа прво значи закажување на седницата, избор на претседател на Собранието, допис до господинот Иванов, негова одлука кога ќе го даде мандатот.

Јас, верувајте, како потенцијален мандатор, нема да дозволам да се трошат 20 дена за преговори за нова Влада. Ќе гледам максимално можно, доколку го добијам мандатот, да ги скратам сите овие рокови. Верувајте, јас како потенцијален мандатор нема да дозволам да се трошат 20 дена за преговори за Влада.

Ќе гледам максимално можно ако го добијам мандатот да ги скратам овие рокови за да им заштедиме и на граѓаните и на Република Македонија, време, денови и период за тоа што очекувањата на сите се да има натпревар во државата по пат на дебата, дискусија и се за процеси коишто се одвиваат во Република Македонија, за добробит на државата и на граѓаните, да има една позитивна дебата, натпревар на економски проекти, на идеи и слично како и секоја нормална земја ¬ рече Заев.

Инаку неофицијално нема договор за составот на Комисијата за избори и именувања. Предлогот на ВМРО¬ДПМНЕ бил тие да имаат 6 членови, СДСМ 5 а ДУИ и Беса по 1. Според СДСМ тие и ВМРО¬ДПМНЕ треба да имаат по 5 членови, ДУИ 2 и БЕСА 1. Според собранискиот Деловник, Вељановски нема рок за закажување на оваа седница, туку кога ќе се создадат услови.

Седница може да свика и најстариот пратеник. Во овој собраниски состав најстар пратеник е Бранко Манојловски од ДУИ. ВМРО¬ДПМНЕ во неколку наврати изјавија дека нема да ја попречуваат работата на Парламентот и оти ќе постапуваат согласно Законот и Уставот.

Доколку Заев се откаже од како што велат Тиранската Платформа ќе дадат подршка за малцинска влада. Му даваат и втора опција како што стои во соопштението да прифати нови парламентарни избори заедно со локалните. Од Кабинетот на Вељановски најавија одговор на денешната иницијатива на собраниското мнозинсво.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha