СДСМ ПОДГОТВУВА ГАРАНЦИИ ЗА ИВАНОВ

MNOZINSTVO

СДСМ и мнозинството подготвуваат гаранции кои идната недела ќе му ги достават на шефот на државата. Во која форма, ќе бидат засега нес е открива.

Шефот на државата Ѓорѓе Иванов повторно побара гаранции за унитарноста пред да го даде мандатот на Зоран Заев за состав на Влада. Во кусото соопштение од претседателскиот кабинет покрај веќе претходно искажаниот став, се наведува и дека таканаречената платформа од Тирана или било кое дејство спротивно на Уставот, нема да биде основа за формирање на Влада.

„Претседателот Иванов очекува од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека: заедно со коалиционите партнери ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија“, соопшти кабинетот на претседателоот на РМ.

Лидерот на СДСМ Заев кој со 67 потписи го побара мандатот, уште пред неколку дена во гостување на ТВ 21 рече дека е подготвен да разговара со Иванов и да ја гарантира уставноста на државата.

Ќе одам уште еднаш ќе гарантирам таму јасно и децидно дека унитарноста ќе биде зачувана комплетно и унапредена, дека се што ќе се работи ќе биде согласно Уставот, дека Македонија останува мултиетничко општество, а не бинационално. Ќе го гарантирам суверенитетот. Никој не бара да биде нешто нарушено од тоа, изјави Зоран Заев – Претседател на СДСМ – Клик Плус.

You may also like...

Sorry - Comments are closed