СДСМ: Нема веќе тајно преговарање како што правеше ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ

Наместо преку тајно преговарање како што правеше ВМРО-ДПМНЕ, стратешките одлуки ќе се носат преку инклузивен процес, порачува СДСМ и истакнува дека стратешка определба на Македонија од нејзиното осамостојување до денес е полноправно членството во ЕУ и НАТО.

„На тој евроинтеграциски пат, новата реформска Влада предводена од СДСМ одлуките ќе ги носи преку инклузивен процес и сите стратешки прашања ќе се решаваат во конзензус со опозицијата, широката јавност и граѓанското општесто, а ќе бидат конечни на реферндум на кој ќе се изјаснат граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ги погази државните и национални интереси и ги изневери граѓаните кога тајно преговараше и договараше промена на името, што се докажа и од материјалите објавени во проектот „Вистината за Македонија“. ВМРО-ДПМНЕ работеше против државните и национални интереси со блокадите што ги направи на демократските реформи и евро-атлантските интеграциски процеси“, велат од СДСМ.

Затоа, нагласува владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ треба час поскоро да престане да измислува нови лаги и манипулации на оваа тема и целата енергија што непотребно ја троши да ја насочи кон конструктивно делување и вклучување во реформските процеси што следат, за доброто и иднината на граѓаните и државата.

You may also like...

Sorry - Comments are closed