Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

СДСМ изборната кампања ја започна во Прилеп

Прилеп е град на слободата и е спремен за новиот наш ден на слободата, а тој ден е 11 декември. Првиот митинг се почнува од пркосниот Прилеп каде ние ќе победиме. Колку и да го прошируваат овој плоштад, тој е мал за нас. Никола Груевски те повикувам на дуел за да те прашам и да ја кажеш вистината пред граѓаните, а не да се криеш. Десет години владееш со Македонија, како не ти е срам да бегаш од дуел, рече вечерва во Прилеп, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој нагласи дека ќе се залагаат за повисоки просечни плати од 500 евра, а ќе има и повисоки субвенции за тутунот.

– Ќе ги насочиме сите пари кон граѓаните, ќе го вратиме секој денар од ДДВ кон граѓаните. Тие пари значат една детска соба, за радост на вашето дете, еден летен одмор за цело семејство. Груевски не е ништо освен криминалец. Тој зад себе остави само криминал и корупција. Ги трошат народните пари за да се богатат. Народот е сведок за нивните криминални дела. Срам да им е. Ова злосторство никогаш нема да им го заборавиме. Македонија ќе доживее промени на 11 декември – рече лидерот на СДСМ.

– Дали сакате уште 4 години режим? Народот кажа овде во Прилеп, не сакаме. На 11 декември ваш избор за живот нека биде во земјава – рече Заев.

Се што ќе зборуваме во оваа кампања ќе биде за младите и заради младите. Се што треба да направиме во овие 20 дена ќе биде токму тоа, но најважно од се, се што ќе се случува во Македонија од 12 декември натаму ќе биде за перспективите за младите и за гледање со нивни очи иоднина овде во Македонија. Го насловивме ова План за живот во Македонија. Ние веруваме дека севкупниот апсект на животот е одговор на сите дилеми кои што ги преокупираат младите денеска, како што ги преокупираат и мнозинството граѓани во Македонија. Убеден сум дека ќе успееме, јас знам дека ќе победиме, но уште денеска треба да ги ставиме темелите на ова ново време за кое сите се бориме, а јас неуморно и недвојбено верувам дека ни е дофат.  Веќе сите победивме, да немате дилеми. Целиот овој процес позади нас, го клекна режимот на колена. Режимот е избезумен. Денеска преку оваа кампања ги правиме првите чекори кон новото модерно време на кое сите му се радуваме. Јас сум убеден во тоа и сакам младите да ги гледам со подигнати чела, храбро и одважно, заради тоа што стоите на страната на Република Македонија – рече Заев.

Тој најави просечна плата од 500 евра, грантови од 10.000 евра за започнување бизнис, бесплатен деловен простор за сите старт-ап компании и евтини кредити со еден отсто камата до 15.000 евра, 140 милиони евра директна помош за домашните компании за отворање нови работни места. Лидерот на СДСМ посочи дека програмата „План за живот“ е на 263 страници и испечатена во 100.000 примероци.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us