Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

СДСМ во Аеродром: На Порта Македонија ќе ставиме бројчаник за вратените украдени пари

Зоран Заев, претседателот на СДСМ вчера вечер на партискиот митинг во скопската општина Аердром ги повика неопределените да гласаат за Македонија и нејзината иднина. Заев синока пак го повика Никола Груевски на ТВ дуел. „Нема бегање Никола Груевски. По 14 години нема бегање од правдата и законот. Кој се огрешил ќе одговара и пред законот и пред народот. И од овде пак го повикувам Груевски на дуел. Да дојде и да ме праша за сѐ што сака. И за жолти комбиња, ама да го прашам за тоа што не смеев и не си дозволив да го објавам за тој знае што. Да го прашам за гладот што ѝ го донесе на змејава. Да го прашам за луѓето што заминаа од земјава. Имам што да го прашам. Ајде војводо прифати дуел, каде бегаш“, рече Заев на митингот во Аеродром. Заев зборуваше и за „рајските земји“ каде фамилијата ги префрлила парите. „Да беше правна држава Груевски немаше синоќа да ви зборува за минимална плата. Тој 10 години не мислеше на вас, туку ви ги собра вашите пари и ги испрати по рајски земји. Ќе го стигне правдата. Секој кој крадел од вас ќе одговара“, рече Заев.

 

Претседателот на СДСМ го претстави и „планот на партијата за враќање на животот во Македонија. Подржете го овој план. Ќе има правда и живот за сите. Живот за сите во Македонија“. Заев додаде дека коалицијата дава поддршка на СЈО, а тоа значи дека граѓаните се за казна за криминалците. Парите кои сега завршиле во странство ќе се вратат дома, вети Заев. Тој и синока се обрати на неопределените. „Тие ќе одлучат кој ќе победи на овие избори. Ова не е само наша Македонија, на Заев, Пендаровски, Десковска, туку на граѓаните. Оваа Македонија е ваша, на неопределените. После сѐ што слушнавте што видовте, зарем можете при очи да не гледате, при уши да не слушате, при уста да не зборувате, да не ја гледате Македонија. Пенкалото на вашиот живот, на животот на вашите деца е во ваши раце. Ќе гласате за криминалот или за иднината на Македонија“, рече Заев. „Ќе му дадеме ли нови четири години на Никола Груевски кој ви одзема 10 години од вашиот живот, уште четири години се трпи ли режим. Ќе му верувате ли дека ќе постапи праведно кога тој нанесе историска неправда и го осиромаши до гола кожа нашиот народ“, рече Заев. СДСМ ветува дека ќе се згоелми минималната и просечната плата, дека ќе обезбеди правично општество, дека ќе ги подржи домашните фирми со 140 милиони евра… „На триумфалната порта ќе поставиме бројчаник на кој ќе се покажува колку пари се вратени дома. Тие пари ќе завршат во буџетот и кај граѓаните“, рече Заев. На митингот во Аеродром Заев одговори на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕза федерализација на земјата. „Груевски ја измисли федерализацијата. Груевски е единствен во државата кој мисли за федерализација, тој и никој друг. Да бидеме на чисто. Нема да дозволам никој да го смени Уставот на РМ. Уставот наш гарантира мултиетичност, тој е либерален и европски устав. Федерализацијата е во главата само на неоанационалистите! Ви ветувам дека Македонија ќе биде едно општество, за сите дом, за сите правично општество, за сите во кое ќе има правда за сите“, рече Заев.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us