СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи Програмата на новата Влада и СЈО и да прифати дека е опозиција

SDSM

„Ги повикуваме Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, ако се за унитарна, суверена Република Македонија во којашто функционира правдата, јасно да ја поддржат Програмата на новата Влада на Република Македонија и работата на Специјалното јавно обвинителство, да ја прифатат новата реалност дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта.

Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се подготвени за заштита на своите криминално стекнати богатства и обид за бегство од одговорноста, да ги вознемируваат граѓаните со лаги, да поттикнуваат насилство и омраза, да молат да бидат дел од Владата. Но резервите на изговори им се истрошени. А Македонија не смее и нема да дозволиме да биде внесена во безбедносна криза само затоа што Груевски не може да прифати дека околу 700.000 граѓани, односно 67 пратеници дадоа поддршка за состав на новата Влада на претседателот Зоран Заев.

Македонија мора да оди напред. Неопходно е Иванов да не се води од криминалните интереси на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, туку од интересите на граѓаните и на Република Македонија и веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска Влада“, се вели во соопштението на СДСМ.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha