Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

САВЕВСКИ: ЛЕВИЦА Е ПРОТИВ ГОЛЕМУВАЊЕТО НА СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ОДЕЊЕ ВО ПЕНЗИЈА

Носителот на кандидатската листа за пратеници од партијата Левица во ИЕ5 Здравко Савевски денеска јавно изјави дека тој и нивната партија се против зголемувањето на старосната граница за одење во пензија.

Според Савевски донесувањето на таква одлука ќе биде на штета на системот и врз грбот на работниците.

– Светската Банка минатата недела најави дека препорачува да се зголеми старосната граница за одење во пензија на 67 години за мажи и 65 години за жени. Имајќи го предвид фактот дека сериозни се проблемите со финансирањето на пензискиот систем и дека останатите партии немаат социјален сенс, според нас голем е ризикот дека по изборите ќе дојде до зголемување на старосната граница за одење во пензија и во таа смисла Левица категорично е против решавање на проблемите со пензискиот систем на грбот на работниците како што тоа постојано се случува. Левица ќе се бори против зголемувањето на старосната граница за одење во пензија бидејќи големи се проблемите во пензискиот систем кои датираат со погрешните реформи во 2000 година и со намалувањето на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување во 2009 година, рече Савевски на предизборната средба со битолчани.

Посочи дека е потребно да се зголеми придонесот за пензиско и инвалидско осигурување и мерки за домаќинско работење во Фондот за ПИОМ, а не решавање на проблемите врз грбот на работниците.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us