Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Савевски: Да се почитуваат работничките права

Носителот на листата на кандидати за пратеници од партијата Левица, Здравко Савевски денеска на средба со битолчани порача да се почитуваат работничките права и да се обезбеди достоинствена работа за квалитетен живот.

Според него, проблемот со невработеноста останува главен државен проблем.

– Проблемот со невработеноста може да се решава на повеќе начини. Во приватниот сектор има голема преангажираност на работниците, односно се случува еден работник да работи за двајца и ако се почитува основното правило еден работник на едно работно место, тогаш во приватниот сектор ќе може да се отворат нови работни места – рече Савевски.

Тој најави и дека Левица по изборите ќе ја избрише вештачката граница меѓу активните и пасивните баратели на работа, ќе го спречи бришењето на невработени лица од евиденција за да се знае колкав е бројот на невработени лица и за нив да се овозможи остварување на правата од статусот невработено лице.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us