Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Руско МНР: Без надворешни влијанија при формирањето на новата Влада

„Ги повикуваме сите политички партии во Македонија да ја почитуваат волјата на гласачите, да дејствуваат единствено во рамките на Уставот и да ги избегнат надворешните контрапродуктивни влијанија во врска со формирањето на новиот владин кабинет“, се вели во коментарот на министерството за надворешни работи на Руската Федерација во врска со предвремените парламентарни избори во Македонија.

„Веруваме дека македонските политичари се свесни за одговорноста за зачувување на стабилноста во Македонија и на меѓуетничката хармонија, кои се главен фактор за мирот на целиот Балкан. Очекуваме дека новата Влада на Република Македонија ќе води балансирана надворешна политика, фокусирана на зајакнување на мирот и безбедноста на целиот европски континент“, стои во соопштението.

Руско МНР: Без надворешни влијанија при формирањето на новата Влада

Оттаму наведуваат дека Русија е задоволна што изборите на 11 декември, и покрај екстремно тензичната политичка ситуација во земјава, поминале во мирна атмосфера.

„Меѓународните набљудувачи, меѓу кои имаше и руски претставници, не регистрираа значајни прекршувања на меѓународните изборни стандарди“, се вели во соопштението, во кое е нотирано и дека според резултатите, ниту една од политичките партии не успеала да освои апсолутно мнозинство”, стои во соопштението на руското министерство за надворешни работи.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us