Русија плаќала медиуми во Македонија да шират пропаганда

RUSIJA

Британскиот весник „“Гардијан“ објави документи од разузнувачки служби според кои руските дипломати и шпиони речиси десет години ширеле пропаганда и предизвикувале несогласувања во Македонија. Документите сугерираат дека Москва се обидувала да го зголеми своето влијание во сите земји од бивша Југославија за да ги оддалечи од НАТО и од западното влијание.

Гардијан документите ги обезбедил од меѓународната истражувачка мрежа Проект за известување за организиран криминал и корупција, кои открија големи финансиски афери во светот последните години.

Руските и српските напори да ја оддалечат Македонија далеку од Западот придонеле, според документите, за долготрајната политичка криза во нашата земја.

„Последните девет години Македонија е предмет на силна субверзивна пропаганда и разузнавачката активност во режија на руската амбасада“,стои во документот, подготвен за Владимир Атанасовски, директор на македонската Агенција за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Влијанието започнало во 2008 година, кога Грција го блокираше обидот на Македонија за членство во НАТО.Протечениот документ исто така покажува како Русија го остварувала своето влијание.Внатре се вели дека три агенти од руските разузнувачки служби биле стационирани во Скопје и биле надгледувани од сестринската служба во Белград, во Србија. Руската амбасада во Македонија исто така е дом на четири шпиони од руската воена разузнувачка служба ГРУ, чии активности се координирани од Софија.

Новинарите на новинската агенција ТАСС и преставникот на „Росотрудничество“, државно културно тело,како што стои внатре, работат за разузнувачките служби на Русија. ФБИ водел веќе истрага за ова културно тело под обвинение дека се обидува да регрутира Американци за свои информатори.

Документот вели дека руските дипломати се исклучително внимателни кога се среќаваат со своите контакти, често ги менуваат местата во последна минута, не користат мобилни телефони и употребуваат пасворди. Тие им понудиле кеш на македонските медиуми да шират информации и дезинформации, стои во документот.

You may also like...

Sorry - Comments are closed