Ром од Куманово, 34 години чека нов дуќан, а државата му го продала стариот без да му каже

ROM KUMANOVO

Рамо Алиевски познат кумановски ковач кога во 1983 година му беше срушена старата семејна куќа во близина на зелениот пазар, од државата му беше доделена нова работилница во близина на автобуската станица.

Но неговиот син Насер Рамовски кој сега го води дуќанот, доби известување дека мора да го сотапи тој простор затоа што има нов сопственик и воедно да плати 1.000 евра оштета на претпријатието и на извршителот.

„Јас 34 години чекам да ми дадат дуќан кај зелениот пазар, а сега ме истераа на улица. Кога не го решија нашиот проблем барем да не остават овде. Никој не ме известил дека се продава, а дојдоа да ми кажат да се иселам. Излеговме доброволно, сами се иселивме, а сега ни стигна решение да платам 900 евра, и тоа 500 евра за присилно иселување и 400 евра награда за извршителот“, вели Рамовски.

Тој правдата ќе ја бара на суд и веќе ангажирал адвокат да си ја врати работилницата, бидејќи го има оригиналниот договор за дуќанот, а ќе се суди и за измислениот долг за присилно иселување. Случајот го пријавил и кај Народниот правобранител.

И додека стигне правдата, 12 членото семејство Рамовски останува без егзистенција, бидејќи ковачницата ги хранела. Се работи за стара градска ковачка фамилија, која со занаетот се занимава повеќе од 100 години.

You may also like...

Sorry - Comments are closed