Ромите без доволен број наставен кадар

SVETCKI DEN NA ROMSKI JAZIK

Љатиф Демир е единствениот универзитетски професор од ромската популација во Македонија.

Со оглед на тоа дека во нашата држава нема студии по ромистика, вработување нашол на филозофскиот факултет во Загреб. Токму немањето на катедра кај нас е причината поради која во училиштата Ромите немаат доволно наставен кадар, вели Демир.

Податоците покажуваат дека само 44 % од Ромската популација завршуваат основно образование. Ситуацијата е најпоразителна во високото образование, каде во моментов студираат само околу 500 припадници на оваа етничка група.

Доволен број на ромски наставен кадар би значел многу, особено во основното образование, вели Сибел Бајрам која е апсолвент на филолошкиот факултет.

Наставен кадар кој би завршил соодветни студии по ромистика би им пмогнал на учениците на само во однос на јазикот, туку и во изучувањето на нивната историјата и култура.

Предмет јазик и култура на Ромите учениците изучуваат во трето, четвро и петто одделение. За останатите одделенија нема учебници. Проблемот со недостиг на катедра во моментов се надминува со стипендирање на ученици од ромската етничка припадност.

You may also like...

Sorry - Comments are closed