Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Ременски нареди да не се подготвуваат решенија за права од социјална заштита

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, денеска упати писмена наредба до директорите на меѓуопштинските центри за социјална работа за итно запирање на подготвувањето на секаков вид решенија поврзани со правата од социјалната заштита, соопшти кабинетот на министерката.

Во наредбата, како што стои во соопштението, министерката побарала центрите за социјална работа итно да достават информации за бројот на подготвени решенија од социјална заштита за периодот од 5 ноември до 5 декември и строго да се придржуваат кон писмената инструкција за обнова на правата од социјална и детска заштита од 19 месецов до 27 следниот месец и точно да ги информираат корисниците.

Frosina Tasevska Remenski

Од Министерството за труд и социјална политика се посочува дека од повеќе извори на информации се посочени докази со кои се потврдува прекршувањето на законски утврдените забрани и наредби од министерот.

„Станува збор за сериозни злоупотреби на службената положба и овластување од страна на директори и на вработени (со име и презиме) во центрите за социјални работи, односно за партиска агитација помеѓу корисници на социјална помош, давање ветувања за позитивен исход за предмети што ги води центарот, заплашување со укинување на право од социјална заштита, подготвување на фиктивни решенија за право на помош и нега од друго лице, засилена динамика на подготвување решенија за право на помош и нега од друго лице, што не соодветствува со бројот на решени предмети од страна на Комисијата, бројка со која располага МТСП, јавување по телефон од вработени и од директори на центри за социјални работи кај корисници на право од социјална заштита и нивни блиски роднини во партиски цели, предизборни ветувања и несоодветна улога заради правото за гласање во домашни услови, злоупотреба на ресурси на јавните установи спротивно на забраните во писмената наредба, злоупотреба на податоци на корисниците на социјална помош во партиски цели и злоупотреба на боледувања“, стои во соопштението.

Министерството за труд и социјална политика поднело пријави и докази до надлежните служби за понатамошно кривично и правно процесирање.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us