Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Ременски кривично ќе биде гонета за упадот во ССМ – доказите го потврдуваат фалсификатот

 Сојузот на синдикати на Македонија доставил нови докази до Основното јавно обвинителство кои ја потврдуваат кривичната пријава против техничката министерка и четворицата претседатели на гранкови синдикати и други засегнати лица за злоупотреба на службена должност и овластување, фалсификување службена исправа и неспроведување на постапка согласно Статутот на ССМ и деловникот за работа на Советот на ССМ. Кривичната пријава беше поднесена веднаш после разоткривање на обидот за насилни промени во раководството на ССМ на 13-ти минатиот месец.
mtsp-remenski 
 Во петокот, генералниот секретар на Сојузот на синдикати на Македонија обелодени на македонската јавност докази дека Живко Митревски ужива поддршка од 13 гранкови синдикати од вкупно 17 што претставува апсолутно мнозинство. Овие 13 синдикати потврдиле и писмено дека органите на ССМ немале седница со точка на разгледување за отповикување на легитимниот избран претседател.
Истиот ден, на 2.12.2016 Сојузот на синдикати на Македонија поднел барање до Основното јавно обвинителство за постапување и дополнување  на претходно поднесената Кривична пријава против против техничката министерка и четворицата претседатели на гранкови синдикати и други засегнати лица за злоупотреба на службена должност и овластување, фалсификување службена исправа и неспроведување на постапка согласно Статутот на ССМ и деловникот за работа на Советот на ССМ. Кривичната пријава била поднесена веднаш после разоткривање на обидот за насилни промени во раководството на ССМ на 13-ти минатиот месец.
 
Кон ова барање приложени се 13-те писма на гранкови синдикати во кои се тврди дека во рамки на нивните синдикати не е разгледувана иницијатива за отповикување на претседателот на ССМ, Живко Митревски и дека нивни членови не присуствувале на фамозната седница на 13 ноември на која наводно се одлучувало за отповикување на Митревски.

Во Јавното обвинителство, кривичните пријави веќе се разгледувале и биле превземени првите мерки.

Предметот бил земен од Централниот регистар и е запрена постапката за упис на промените кои се направени во незаконска и легитимна процедура бидејќи постоеле основани сомненија за сторени фалсификати и незаконска работа.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us