Рама: Ситуација во Македонија е сериозна

RAMA

Состојбата во Македонија би можела наскоро да излезе од контрола бидејќи претседателот на државата одбива да го даде мандатот за формирање влада во која би учествувале партиите на локалните Албанци, изјави албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за швајцарските медиуми.

Во однос на нападите од страна на македонските политичари дека се меша во внатрешните работи на земјата, Рама порача дека Албанија е единствената држава од регионот која не ги негира македонскиот јазик и идентитет и дека никогаш не го довела во прашање името на државата.

Претседателот на социјалистичка партија на Албанија на крајот на своето интервју напомена и дека состојбата на Балканот во последниот период значително се влошила.

You may also like...

Sorry - Comments are closed