ПУТИН: СИТЕ ЕВРЕИ СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ ВО РУСИЈА

putin

Сите Евреи кои поради антисемитизмот се чувствуваат несигурно во европските држави можат да дојдат во Русија, рече претседателот на Русија, Владимир Путин во разговор со претседателот на Европскиот еврејски конгрес, Вјачеслав Кантор.

Сите можат да дојдат во Русија. Сите кои своевремено го напуштиле Советскиот сојузи слободно нека се вратат, рече Путин, пренесуваат светските медиуми

Кантор, кој инаку е роден во Москва, му вети на Путин дека со членовите на Конгресот ќе зборува за овој предлог на рускиот претседател.

Тој во разговорот со Путин рече дека антисемитизмот на нашиот континент е се поизразен и дека „Евреите бегаат од некогаш просперитетната Европа“.

Според зборовите на Кантор, Евреите во Европа се соочуваат со најтешките услови од крајот на Втората светска војна.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha