Путин: Русија не сака да влијае на изборите во Франција

PUTIN

Лидерот на францускиот екстремно десничарски „Национален фронт“, Марин Ле Пен, која е кандидат за претседател на Франција, беше примена во Кремљ од рускиот претседател Владимир Путин, пренесе ТАСС.

Русија „придава големо значење на односите со Франција“, при што се стреми да одржи избалансирани односи како со владејачките структури, така и со опозицијата, рече Путин.

По повод претседателската кампања во Франција, тој изјавува дека Русија „во никој случај не сака да влијае на тековните настани, но останува во правото да комуницира со сите претставници на сите политички сили во земјата“. Путин објасни дека така прават во Европа и во САД.

Ле Пен се заблагодари на Путин за средбата и истакна дека меѓу Франција и Русија има длабоки културни економски и стратешки врски.

Пред средбата во Кремљ Французинката, која е во Русија на покана на руски пратеници, посети изложба посветена на Свети Лудовик и моштите од париската катедрала „Сент Шапел“.

You may also like...

Sorry - Comments are closed