Путин е подготвен да се сретне со Доналд Трамп во Финска

PUTIN

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека е подготвен да учествува на форумот на Арктичкиот совет во Финска и таму ќе се сретне со претседателот на САД, Доналд Трамп, ако ваков настан биде подготвен, пренесува ТАСС.

Путин ја одреди Финска како многу добар сосед на Русија, кој „има многу добри искуства при организирањето на вакви важни настани“.

„Ако тоа се случи, тогаш ние ќе бидеме среќни да учествуваме … Ако не, тогаш во рамките на Г-20, сметам дека ќе се одржи таква средба (со претседателот на САД)“, изјави денеска Путин за време на Меѓународниот арктички форум.

„Во Арктикот нема место за конфликти, меѓународните норми јасно ги дефинираат правата на земјите и служат како основа за заедничка работа во решавањето на сите проблеми“, сподели Путин.

Тој прецизира дека овој пристап се однесува и за чувствителни прашања како разграничувањето на континенталниот гребен во Арктичкиот Океан.

„Ќе истакнам дека Русија е подготвена за конструктивна соработка и за создавање на сите услови за ефикасен развој на Арктикот“, додаде претседателот на Русија.

You may also like...

Sorry - Comments are closed