Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Путин во дводневна посета на Јапонија

Рускиот претседател Владимир Путин пристигнува денеска во дводневна посета на Јапонија, во чиј фокус ќе бидат економската соработка и спорот околу Курилските Острови.

Се очекува за време на посетата да бидат потпишани околу 30 спогодби меѓу руски и јапонски компании, претежно во областа на енергетиката, индустријата, земјоделствто и високите технологии.

Тоа е првата посета на руски претседател на Јапонија во изминатите 11 години. Односите меѓу Москва и Токио се влошени поради спорот за четирите острови во Курилскиот Архипелаг, окупирани кон крајот на Втората светска војна од Советскиот сојуз.

Русите ги нарекуваат Јужни Курилски Острови, а Јапонците Северни територии. Официјално тие вулкански острови се дел од руската Сахалинска област, но Јапонија има претензии кон нив и тоа беше препрека двете земји да потпишат мировен договор по Втората светска војна.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us