Процедуралните забелешки доминираа на продолжението на седницата

SOBRANIE

По неколку паузи поради бројните процедурални забелешки, денешната седница на Собранието продолжи со меѓусебни обвинувања на пратениците до ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за тоа кој е кочничар на реформите во земјата. Пратениците од СДСМ ги посочија лошите услови во студентските домови, како и системот на образование.

Хари Локвенец од СДСМ ја започна дебатата по точката која е на дневениот ред веќе четврти ден – изборот на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања и за претседател на Собранието. Тој ги посочи претседателот Ѓорге Иванов и претседавачот со седницата Трајко Вељаноски дека ја злоупотребуваат функцијата. За Иванов рече дека користи „квазиуставни мерки“ за да не го додели мандатот за формирање на нова влада, додека пак на Вељаноски му забележа дека тактизирал во однос на закажувањето на продолжението на конститутивната седница.

-На 11 декември имавте само две опции: да ја демократизирате својата партија и да се оградите од криминалците и да направите влада и втората, да го браните криминалот, искористувајќи ги искрените патриотски чувства на народот. Ја избравте втората, рече Локвенец.

Во репликата, Зоран Илиоски од ВМРО ДПМНЕ само побара од Локвенец и неговата партија да се изјаснат за тоа дали ја прифажаат платформата на албанските партии и да обелоденат што пишува во прифтениот и заклучен Закон за јазици.

Откако голем број пратеници повторно се пријавија за процедурални забелешки, Вељаноски предложи тие да не се дозволуваат, но откако тоа не беше прифатено, тој ја прекина сендицата и даде пауза до 15 часот.

Во меѓувреме, тој ги повика пратениците да се договарат дали ќе се продолжи со процедуралните забелешки или ќе се прекине, со цел да се забрза дебатата по предложените точки.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha