Продолжува изборната кампања за локалните избори

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Партиите продолжуваат да крстосуваат низ државава. СДСМ вечер ќе одржи митинзи во скопските општини Карпош и Центар, а претходно коалицијата „Живот во Македонија“ ќе има средба со жителите на Сарај.

Втора недела од кампањата за локалните избори. Партиите продолжуваат да крстосуваат низ државава. СДСМ вечер ќе одржи митинзи во скопските општини Карпош и Центар, а претходно коалицијата „Живот во Македонија“ ќе има средба со жителите на Сарај.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг во скопската населба Ѓорче Петров и во Куманово.

Демократската унија за интеграција најави партиски активности во Желино и во Јегуновце, а движењето БЕСА ќе ја презентира програмата пред жителите на Брвеница.

You may also like...

Sorry - Comments are closed