Продолжуваат преговорите за новата

ZAEV 2

Продолжуваат преговорите за новата Влада. Мандатарот Зоран Заев денеска ги
почнува средбите со Алијанса за Албанците, односно со Зијадин Села, кој најави дека
во текот на денот ќе и се обрати на јавноста, првпат по настаните од 27 април, кога
поради големите повреди, заврши во болница.

За Алијансата на Албанците се шпекулира дека ќе го добијат министерското место во
Здравство. Неофицијално, Заев треба денеска да се сретне и со лидерот на ДУИ, Али
Ахмети, а на средбата ќе се отвори расправа за поделбата на министерствата.

Наводно за нив се подготвуваат 4 министерства, образование, економија, локална
самоуправа и животна средина, како и две вицепремиерски функции.

До крајот на неделата треба да се знаат и ресорите кои ги добиваат партиите како и
имињата што ќе раководат со министерствата.

Засега е извесно дека новата Влада ќе ја сочинуваат СДСМ, ДУИ, Алијанса за
Албанците. Движењето Беса сеуште нема донесено одлука дали ќе влезе во Владата.

Викендов имаа средба со мандатарот Заев, по што беше формирана комисија која треба да ги продолжи разговорите со СДСМ.

You may also like...

Sorry - Comments are closed