Продолжи седницата за избор на нова Влада

TALAT

Гласањето ќе се одржи најдоцна до полноќ. Потребни се најмалку 61 глас. Завршена е и Конститутивната собраниска седница. Со 62 гласа „за“, без воздржани и против, избрана е Комисијата за прашања на избори и именувања.

Собранието ја продолжи седницата за избор на новата влада. Гласањето ќе се одржи најдоцна до полноќ. Потребни се најмалку 61 глас.

„Најавувам дека ќе предводам реформска влада“- порача вчера Заев во експозето пред пратениците. Рече дека ќе се работи врз основа на три клучни темели- економија, правда, интеграции. Вети дека ќе биде премиер на сите граѓани, дека ќе го слуша гласот на пратениците и побара одговорно и отчетно работење од министрите.

„Памфлетни ветувања, слаб министерски состав, со чест на ислучоци“, реакција на ВМРО- ДПМНЕ за програмата и предложениот кабинет. Од партијата велат- политичките последици ќе стигнат многу брзо.

Завршена е и Конститутивната собраниска седница. Со 62 гласа „за“, без воздржани и против, избрана е Комисијата за прашања на избори и именувања.

Претседател на комисијата е Илија Димовски, негов заменик е Зоран Илиоски. За членови се избрани Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стевананџија, Благица Ласовска, Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зеќири, Ивана Туфегџиќ, Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими.

На гласањето не присуствуваа пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. По завршувањето на конститутивната седница на третата собраниска седница е изгласана одлуката за основање постојани работни тела. Гласаа 98 пратеници, немаше воздржани и против.

You may also like...

Sorry - Comments are closed