Продолжи конститутивната собраниска седница

SOBRANIE

Во Собранието на Република Македонија денеска продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Пратениците осми ден дебатираат за предлогот за состав на Комисијата што е предуслов за избор на претседател на Парламентот. На досегашните седум продолженија најмалку се дискутутираше за точките на дневен ред. Дебата главно се води меѓу пратениците на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за тоа кој ја кочи работата, а со тоа и изборот на претседател на Собранието и изборот на нова влада.

За дискусија се пријавени 52-ца пратеници, а има двојно повеќе реплики. До сега дискутирале само четворица.

You may also like...

Sorry - Comments are closed