Продолжение на конститутивната седница на Собранието

SOBRANIE

Собранието на Република Македонија денеска ќе го оддржи 11-тото продолжението на конститутивната седница на која треба да се изберат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на комисијата за прашања на изборите и именувањата.

СДСМ вчера повторно побара од Трајко Вељаноски да се стави во мирување точката за избор на комисијата за избори и именувања и да се премине на гласање на претседател на Собранието.

Вељаноски заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и овој пат го отфрлија предлогот.

СДСМ се повикува на членот 78 од деловникот кој предвидува можност за измена на дневниот ред. ВМРО-ДПМНЕ пак на членот 80 дека измена не може да се прави додека трае претрес по одредена точка.

You may also like...

Sorry - Comments are closed