Пробиен е рокот, локаните избори се одложуваат

ЛОКАЛНИ

Локалните избори се одложуваат. Ниту од една политичка парламентарн партија до Собранието нема стигнато иницијатива за собраниска седница, на која ќе бидат изгласани мајските избори, велат од таму.

Во СДСМ потврдуваат дека не покренуваат таква иницијатива бидејќи како што велат, немаат намера да предизвикуваат дополнителни проблеми.

За пратеникот од ДУИ Талат Џафери најважно е претседателот Иванов да го врати суверенитетот таму каде што припаѓа, во парламентот, бидејќи граѓаните им го дале на пратениците.

И високиот партиски функционер Теута Арифи, изјави дека локалните избори се одлагаат..

Право да распише избори има само избран претседател на Собранието од новото парламентарно мнозинство. За професорката Каракамишева за надминување на ситуацијата потребен е партиски консензус со кој партиите ќе се договорат и за измените на изборниот законик.

Според дел од правните експерти пак во прашање е политичка волја која во моментот не постои од страна на претседателот Иванов. Па така кога ќе се одржат локалните избори ќе зависи прво од форјирањето на новата влада, однсоно од новиот собраниски состав, и изборот на собраниски спикер.

Според изборниот законик од денот на распишување до денот на одржувањето на изборите не може да поминат пововеќе од 90 дена. Ниту помалку од 70 дена.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha