Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Притисоците растат, гласачите под висок напон!

Според досегашните пријави, најмногу притисоци имало врз вработени во јавниот сектор, а најизразени биле во помалите градови. Пријави за притисоци се множат во МВР, ДИК, ОБСЕ/ОДИХР и кај овластените изборни набљудувачи

Притисоци од раководители врз хиерархиски подредени службеници со условувања на сигурноста на работното место, најави за дисциплински мерки, деградирање и распоредување на други работни места, често и надвор од местото на живеење… Ова се само дел од предизборните притисоци врз гласачите кои документирано се пријавуваат во институциите надлежни за мониторирање на слободното и неусловено гласачко право, и за санкционирање на кршењето на тие права. Пријави за притисоци врз гласачи стигнуваат до МВР, ДИК, ОБСЕ/ОДИХР, до граѓански организации со набљудувачки мисии за изборите и периодот што им претходи, но и до странски амбасади.

Според неформалната статистика, пристисоците доминираат во администрацијата, но не само таму. Во голема мера ги има и во образованието, а како што дознаваме последната пријава од вчера се однесува на одобрено отсуство од часови, што на ученици им го дал директор на средно училиште од внатрешноста, за да одат да се зачленат во подмладокот на една политичка партија. Реагираат родители, наставници, вработени, невработени, приматели на разни социјални додатоци, но и оние кои допрва очекуваат да го остварат тоа право.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us