Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Приговорите на СДСМ ги нема во забелешките на Избирачките одбори

Случувањата во изборниот процес за кои СДСМ поднесе приговорите до ДИК се однесуваат на избирачки места во Тетово и Теарце. Токму на овие места нема ниту наводи ниту било какви забелешки во записниците од страна на Избирачките одбори, се дознава од извори во ДИК.

Забелешки за овие места има МОСТ, за кои и од СДСМ признаваат дека набљудувачите се „нивни“, додека расте контото на претседателот на МОСТ.

Според забелешките кои може да се најдат за општините Теарце и Тетово, во листата на забелешки на МОСТ, наведено е дека во „ГМ 2011, општина Теарце, едно ливче било откинато од кочанот заедно со серискиот број. За случајот е известена ОИК Теарце“. За Тетово пак стои дека на „ГМ 1928, ОУ „Наим Фрашери“, општина Тетово, гласач се обидел да го фотографира гласачкото ливче при што бил забележан од страна на избирачкиот одбор, била повикана полиција и лицето било приведено“.

Меѓу интересните факти поврзани со забелешките е дека има приговор кој што е потпишан во 16 часот, а се однесува на настан кој што се случува во 19 часот. За тоа следува кривична пријава.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us