Претставници на политичките партии на координација кај Џафери

DZAFERI

Во пресрет на утрешната собраниска седница за избор на влада во кабинетот на собранискиот спикер Талат Џафери се одржа координативна средба.

Оливер Спасовски од СДСМ, Ејуп Алими од ДУИ, Весел Мемеди од Алијансата на Албанците, Бардул Даути од ДПА, Африм Гаши од БЕСА со спикерот Џафери го договарале редоследот на обраќање на претставниците на партиите по обраќањето на мандатарот.

На состанокот не присуствувал претставник на ВМРО-ДПМНЕ. Според деловникот за работа на Собранието, мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на владата пред пратениците. по програмата и составот на владата, Собранието води претрес најмногу два дена.

Редоследот на пратениците кои ќе учествуваат во претресот го утврдува претседателот на Собранието на начин кој обезбедува учество во претресот на пратеници од различни политички партии застапени во Собранието.

Гласањето за избор на владата се врши по предлогот за состав на владата во целина, со јавно гласање, по завршување на претресот. Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници, а потоа претседателот на собранието го известува претседателот на државата за изборот на владата.

You may also like...

Sorry - Comments are closed