Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Претседателот Иванов во посета на македонско-грчката граница

Претседателот на Република Македонија  Ѓорге Иванов денеска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија и другите безбедносни служби задолжени за обезбедување на државната граница, во објектот на Здружениот штаб во Гевгелија.

Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе ја посети македонско-грчката граница кај граничниот камен 59.

Претходно, претседателот Иванов оствари посети на касарната „Јане Сандански“ во Штип, граничниот премин „Меџитлија“ во Битола и на Касарната Илинден во Скопје.

Оваа посета на јужната граница кај Гевгелија, како и претходните активности, се во функција на увид во подготвеноста и капацитетите на АРМ и другите безбедносни служби во справувањето со предизвиците од мигрантската и бегалската криза.

Во контекст на ова, македонскиот претседател минатата седмица одржа и работна средба со раководителите на субјектите задолжени за превенција и справување со кризната состојба, намалување на ризикот од терористички напади и обезбедување за оддржување на изборите.

Заради постојаната закана од илегална миграција која доаѓа од територија на НАТО и ЕУ членки, во Македонија од август 2015 година до јуни 2017 година е прогласена кризна состојба, активиран е кризниот менаџмент со функционален здружен воено-цивилен штаб за заштита на границите и обезбедување на коридорите.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us