Прес конференција по повод Неделата на турскиот филм во Скопје

AA

Неделата на турскиот филм се одржува од 10 до 14 мај, со тоа што вечерва се одржува гала вечер во Македонскиот народен театар со почеток од 19 часот

Во Скопје се одржа прес-конференција за Неделата на турскиот филм, во заедничка организација на Министерството за култура и туризам на Турција и Здружението за локална мисла.

На оваа прес-конференција, учествуваа Јалчин Топчу, главен советник на турскиот претседател, Метин Ѓундогду, пратеник од АК Партија, Тулин Еркал Кара, амбасадорка на Р. Турција во Скопје, претставници на различни иституции и здруженија во земјата и голем број поканети лица.

Топчу во својот говор истакна дека уметноста е многу значаен мост за заедниците подобро да се разберат едни со други, и вели дека преку киното се издигнува културата, и тоа придонесува за мирот, слободата и безбедноста. Тој нагласи дека Македонците и Турците имаат многу сличности, а во овие филмови ќе можат да се забележат приказните што двата народа ги споделиле во период од 500-600 години.

—Тој истакна дека во добрите демократии, позитивната опозиција е корисна и за себеси, и за својот народ, и за својата држава, и рече дека жали за последните случувања во Македонија, кој тој ја окарактеризира како пријателска земја. Топчу нагласи дека посакува да се дојде до решение со толеранција, усогласување и со меѓусебен договор.

You may also like...

Sorry - Comments are closed