Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

„ПРЕРОДБА СО БЕСА“ – ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТОТ „КОРАБИ 2025“

Економски и социјален развој како и заштита на животната средина. Овие се трите главни точки на проектот „Кораби 2025“ кој го промовираше Коалицијата „Преродба со БЕСА“. Проектот е изработен од словенечкиот институт „Аrti Future“, и според претставниците на движењето БЕСА истиот има за цел да ги задржи граѓаните на северозападна Македонија во својата татковина.

 

Изборниот карван на Коалицијата „Преродба со БЕСА“ синоќа престојуваше во Шуто Оризари, од чии што жители побараа поддршка на 11 декември. Претставниците на оваа коалиција ветија инвестиции во патната инфраструктура во овој регион како и подобрување на лошите услови во училиштата.  Носителот во првата изборна единица Зекирија Ибрахими нагласи дека Албанците во Македонија нема повеќе да ги толерираат неправдите од владејачката албанска партија. Ибрахими воедно му порача на Ахмети да престанат со притисоците врз граѓаните.

Коалицијата „Преродба со БЕСА“ денеска оствари средби и со жителите на неколку села од Гостивар, а нивниот централен митинг ќе се одржи во гостиварското село Неготино.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us