Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Предизборен митинг на коалицијата „Преродба со Беса“ во Дебар

Коалицијата „Промени со Беса“ доцна вчера попладнето одржа предизборн митинг во центарот на Дебар, каде ја претстави изборната програма.

Пред дебарчани се претстави носителот на кандидатската листа на коалицијата за Петата изборна единица Арбен Лабеништа.

Предизборен митинг на коалицијата „Преродба со Беса“ во Дебар

– Редефинирање на државата, целосна рамноправнот на Албанците со Македонците, рамноправност на јазикот ,културата, современо здравство, образование, добра патна инфраструктура, работни места. Тоа се нашите заложби, а вие знаете дека тоа може да го остварат само кадрите на оваа коалиција, зашто се вредни, образовани и умни. Убедени сме дека знаете да го распознаето злото од доброто. Доста е со лагите на ДУИ ,која по 11 декември ќе замине во минатото, порача Лабеништа.

Пред дебарчани се обрати и лидерот на „Беса“ Билал Касами, кој вети целосна рамноправност на Албанците со Македонците и, како што рече, „сега или никогаш е време Македонија да стане албанска Македонија“.

Според него, доста било 25 години политика на лаги и оти сега достинството на Албанците ќе го врати токму Коалицијата „Промени со Беса“.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us