Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

ПРЕГОВОРИТЕ ЗА СОСТАВ НА ВЛАДА ЗАПОЧНАТИ: Порталите на албански пренесуваат дека ДУИ ги започнале преговорите со ВМРО-ДПМНЕ!

Сигурни извори од претседателството на ДУИ потврдиле за порталот дека причината зошто нивниот лидер Али Ахмети не оди во Тирана за да се сретне со премиерот на Албанија Еди Рама, е тоа што Ахмети е во интензивни преговори со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за формирање на Влада во најитен можен период.

Алармирани од изборните резултати и двајцата лидери размислуваат за сите можни и невозможножи варијанти, како да се обезбедат потребните бројки за формирање на Владата и да се спречи опозицискиот блок да се договори и го преземе раководењето на Владата – пишува порталот на албански јазик.

pronajdeni-chovechki-cherepi-i-koski-vo-dvorot-na-ahmeti-vo-zajas

ДУИ безусловно даде збор за влегување во владата на Груевски, заобиколувајќи ги и овој пат ветувањата од предизборната кампања, како официјализирање на албанскиот јазик, статусот на поранешните борци на ОВК, и многу други клучни прашања кои влијаат на националните интереси, за кои се претпоставува дека тие се зрели за реализација.

Од друга страна, во ДУИ има и такви членови кои се скептици дека нивниот лидер ќе се впушти во една авантура со ВМРО-ДПМНЕ и со Никола Груевски, но јасно наведуваат дека ако нивната партија преземе ваков чекор, ќе бидат против одлука за коалицирање-пишува порталот Манастири лајм.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us