Првпат во историјата на човештвото: Метеорит уби човек во Индија

METEOR

Еден човек загинал, а тројца се ранети најверојатно по падот на метеорит во дворот на колеџот „Бхаратхидасан“ во индиската држава Тамил Наду.

Сведоците во полиција изјавиле дека чуле силна експлозија и помислиле дека се работи за бомба. Некои очевидци изјавиле дека виделе некој објект како паѓа од небото.

Возачот кој работел за колеџот и уште три лица се најдени ранети покрај резервоар со вода. Од силната експлозија распукале прозорците и резервоарот со вода. Полицијата го прегледала дворот, но не пронашла траги од експлозив. Наместо бомба, пронашле необичен камен и кратер со длабочина од околу 60 сантиметри во тревата недалеку од резервоарот со вода.

Според тврдењето на сведоците, силината на ударот го отфрлила возачот на автобусот три метри подалеку. Со оглед на тоа што човекот бил тешко повреден, лекарите во болницата само ја констатирале неговата смрт.

– Можеме да ја отфрлиме можноста за терористички напад или за саботажа. Ниту една состојка од можен експлозив не е пронајдена на лице место. Уверени сме дека станува збор за метеорит кој со огромна брзина паднал на земјата – изјавило полициско лице за локалните медиуми. Набргу пристигнала и официјалната потврда дека станува збор за метеорит.

Досега во историјата на човештвото не е забележан ниту еден случај во кој метеорит убил човек, па несреќниот Индиец би можел да биде првиот човек кој така настрадал.

Инаку шансите човек да загине од удар од метеорит се 1:250.000, што е помала можност од смрт во земјотрес, но поголема од можноста да се загине од удар на гром.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha